Ништо не се смени: Бислимоски зема плата од 1.571 евро како Петров

2829

Новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика ќе зема исти палти како и претходниот. Деновиве Комисијата преку соопштение информира дека платите на нејзините членови ќе се движат од 88.774 до 97.114 денари (од 1.487 евра до 1571 евра).

Платата на новиот претседател на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски изнесува 1.571 евра, што е еднаква на онаа што ја земаше Димитар Петров. Заменик претседателот Куштрим Рамадани добива плата од 91.276 денари (1.484 евра) исто колку што земаше и претходно.

Останатите пет члена на Регулаторната комисија за енергетика земаат ист иснос на плата од 88.774 денари (1.437 евра) основна нето плата. Оваа плата ја земаат: Светлана Јаневска, Енвер Ељмази, Панче Орцев, Наташа Вељановска и Атанаско Тунески.

Регулаторната комисија има и 23 вработен. Нивната просечна месечна заработка е 45.110 денари (733 евра)

Регулаторната комисија за енергетика е независно тело кое го контролира пазарот на енергија. Според правилникот за работа, задолжени се да ги утврдуваат цените на горивата, струјата, парното и на водата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...