УНИЦЕФ: Во Нигерија ослободени 833 деца-војници

62

Локалната милиција во североисточна Нигерија, која се бори против екстремистичката исламистичка организација Боко Харам, денеска ослободи 833 деца-војници, соопшти УНИЦЕФ.

Децата-војници се ослободени од локалната милиција под името Здружени цивилни оперативни сили (ЦЈТФ), кое е формирано во 2013 година од неколку самоорганизирани групи во нигериската сојузна држава Борно.

Меѓу ослободените деца некои имаат само 11 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...