Хрватската пејачка Нина Бадриќ веќе извесно време ужива на приватниот остров Некер на Карибите заедно со својата добра пријателка, Србинката Сандра Мељниченко која неодамна го прослави 42. роденден во друштво на сопругот Андреј и неколку блиски пријатели.
Нина на социјалните мрежи се пофали со фотографии од далечните Кариби каде ужива во идиличниот одмор.
Нина веќе со денови на Инстаграм објавува фотографии од одморот, а две од нив привлекоа големо внимание. Во прашање се фотографиите од јахтата која е во сопственост на Мељниченко, долга 143 метри и вреди околу 400 милиони евра.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин