Нилски коњ уби кинески турист во Кенија

135

Во кениската долина Рифт на брегот на езерото Наиваш, нилски коњ нападна и усмрти турист од Кина, и повреди уште еден, соопштија денеска локалните власти.

Немилиот настан се случил во саботата додека Кинезите го фотографирле пределот. Повредениот турист е згрижен во блиска болница во градот Наиваша, на 90 километри југоисточно од кенискиот главeн град Најроби.

Само неколку часа претходно, друг нилски коњ во истата област убил рибар, локален жител.

Истрагата за двата случаја е во тек.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...