Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека со заминувањето од функцијата министер, Љупчо Николовски нема да ја искористи законската можност за користење апанажа.
Оваа одлука на Николовски е од морални причини и од интерес на граѓаните.
„Ова не е единствено одрекување од бенефициите кои што на Николовски законски му следуваат како функционер. Во изминатите две години, сите дневници за службени патувања Николовски ги донираше во СОС Детското село“, наведува МЗШВ.