Николовски: Очекуваме косовската влада да ги повлече заштитните мерки

Тој најави дека ќе бидат разгледани сите опции за надомест на штетите предизвикани од косовската мерка која го стопираше извозот на овошјето и зеленчукот од Македонија. 

64

Во следните неколку часа се очекува косовската Влада да се произнесе околу одлуката за зголемените царини за овошјето и зеленчукот, соопшти на прес-конференција министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Николовски очекува повлекување на мерката.

– Одлуката мора да биде повлечена. Сите разговори одат во тој правец. Во постојана комуникација сме со косовските колеги, а Владата на Косово уште денеска ќе има седница. Лично сметам дека во следните неколку часа ќе има нов момент – рече Николовски.

Тој најави дека ќе бидат разгледани сите опции за надомест на штетите предизвикани од косовската мерка која го стопираше извозот на овошјето и зеленчукот од Македонија.

Николовски очекува и заеднички став за косовските мерки на ресорните министри од регионот утре во Белград.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...