Никола Поповски избран за в.д. извршен директор на Развојна банка

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и вд главен оперативен директор.

549

Професорот Никола Поповски, поранешен министер за финасии е избран за в.д. главен извршен директор и член на Управниот одбор на Развојна банка (Македонска банка за поддршка на развојот). Ова го соопшти банката преку Македонска берза.

Поповски доаѓа на местото на досегашниот прв човек на Развојната банка, Кирил Колемишевски кој оваа функција ја извршуваше во претходните 3 месеци, почнувајќи од 15-ти мај.

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и в.д. главен оперативен директор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...