Ники Минаж и Луис Хамилтон вчера вечерта заедно дошле на „Томи Хилфигер“ ревијата, а потоа , како што пренесуваат странските медиуми, во непознат правец заминале на вечера.
Музичарката и спортистот изгледале блиски додека позирале на црвениот тепих на модниот настан,и иако на прв поглед не изгледа како да се еден за друг, изгледа како да уживале во дружбата.