Нигер: Боко харам киднапира 18 девојчиња

88

Регионалниот официјален претставник на Нигер, Ламидо Хароуна Мумуни изјави дека терористичката група Боко харам киднапирала 18 девојчиња од две села.

Тој истакна дека припадниците на Боко харам киднапирале 15 девојчиња од селото Блахарде и три од селото Баге, додавајќи дека овие две места се наоѓаат во близина на подрачјето каде екстремистите убија најмалку седум лица пред една недела.

Мумуни побара од Владата на Нигер да направи се што е можно за да го заштити населението, вклучувајќи дури и дијалог со Боко харам.

Боко харам води деветгодишна борба во Нигерија, при што се убиени повеќе илјади луѓе, а често преминува и во соседните земји Нигер, Чад и Камерун

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...