Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Подгорица изјави дека Црна Гора е важна за регионалната стабилност, но оти е потребно да се работи на јакнење на владеење на правото и слободата на медиумите.
Тој на прес конференција по средбите со црногорскиот државен врв рече дека не смее да има напади врз новинари, како што беше случајот со новинарката Оливера Лакиќ.
Помпео, кој престојува во прва официјална посета на Црна Гора, рече дека двете државо склучиле договор за набавка на воена опрема вреден 36 милиони долари.
„Вијести“ пишува дека американскиот дипломат ја пофалил и соработката меѓу двете држави и заедничката борба против опасностите на 21 век.
– Црна Гора е важна за регионалната стабилност – нагласи Помпео.
Photo: EPA-EFE / JIM LO SCALZO