Не се пот­стри­жал 54 го­дини, а во фри­зер­ски са­лон по­ми­ну­ва по три часа

Чо­ве­кот што сво­и­те су­ка­ни­ци ги држи за­мо­та­ни око­лу гла­ва­та ка­ко тур­бан тврди де­ка не се пот­стри­жал це­ли 54 го­дини.

228

Ко­рис­ни­ци на со­ци­јал­ни­те мре­жи ши­рум Ки­на го ох­раб­ру­ва­ат 70-го­диш­ни­от маж да се при­ја­ви за Ги­ни­сов ре­корд, от­ка­ко на ин­тер­нет поч­на­ле да кру­жат фо­тог­ра­фии од него­ва­та ко­са дол­га 5,5 метри.

Чо­ве­кот што сво­и­те су­ка­ни­ци ги држи за­мо­та­ни око­лу гла­ва­та ка­ко тур­бан тврди де­ка не се пот­стри­жал це­ли 54 го­дини. Не­о­бич­но дол­га­та ко­са на овој чо­век ста­на поз­на­та на со­ци­јал­ни­те мре­жи во Ки­на от­ка­ко не­го­ва­та ќер­ка го од­не­ла во фри­зер­ски са­лон за да ја из­мие ко­сата, што кај не­го е долг и чест про­цес.

До­де­ка бил во са­ло­нот не­кој го сни­мил ка­ко ја мие и су­ши ко­сата. За тој про­цес би­ле пот­реб­ни тројца или чет­во­ри­ца вра­бо­тени, а про­це­сот тра­ел по­ве­ќе од три часа. Ќерка­та на овој чо­век го ста­ви­ла ви­де­о­то на ин­тер­нет ка­де што за крат­ко вре­ме станал ви­ра­лен хит со око­лу 1,5 ми­ли­о­ни прег­ле­ди за са­мо не­кол­ку де­нови.

Лу­ѓе­то го ох­раб­ру­ва­ат чо­ве­кот да се при­ја­ви за Ги­ни­сов ре­корд, но не­го­ви­те при­чи­ни за дол­га­та ко­са не се пов­рза­ни со пари. Ко­га имал 23 го­дини, тој до­бил иде­ја да не ја пот­стри­жу­ва ко­сата, за­тоа што та­ка не­го­во­то се­меј­ство ќе би­де здра­во и от­то­гаш не се пот­стри­жал.

Не­го­ва­та ќер­ка им от­кри­ла на ме­ди­у­ми­те де­ка за вре­ме на доц­ни­те 70-ти го­ди­ни не­кој му дал по­ну­да од 570 до­ла­ри за не­го­ва­та коса, но тој од­бил би­деј­ќи здрав­је­то на негова­та фа­ми­ли­ја би­ло по­важно.

ФОТО: Јутјуб/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...