Не свиркајте по жени во Франција, да не ве казнат со 750 евра

Франција воведе нов закон според кој оние што свиркаат или дофрлуваат по жени на улица, ќе бидат казнети со 750 евра паричната казна.

72

Франција воведе нов закон според кој оние што свиркаат или дофрлуваат по жени на улица, ќе бидат казнети со 750 евра паричната казна.

Овој закон бил донесен со цел да се спречи сексуалното вознемирување на жените и некултурното однесување. Казните ќе се наплаќаат на самото место.

Претседателот Емануел Макрон смета дека со законот им се овозможува на жените да се чувствуваат сигурно на улица и да не се плашат да излезат од дома.

Министерката за родова рамноправност Марлен Чиапа, на прашање како да се одреди границата меѓу флерт и сексуален напад, одговорила дека сите знаат во кој момент се чуствуваме непријатно, несигурно и нападнато на улица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...