Не правете ги овие грешки кога појадувате

Веројатно веќе знаете дека ќе му направите голема услуга на вашиот организам ако добро го соџвакате секој залак пред да го проголтате.

775

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот па затоа потрудете се да ги избегнувате следните грешки по секоја цена.

Го прескокнувате појадокот
Ова е класична грешка и луѓето прибегнуваат кон неа поради недостигот на време или надевајќи се дека така побрзо ќе ослабнат. Ако веќе немате време , подгответе си го појадокот претходната вечер или макара одлучете што ќе јадете наутро.

Јадете премногу
Општо е познато дека појадокот би требало да биде најобилниот оброк во текот на денот, но тоа не значи дека треба да се фрлите на храната како да не сте јаделе со денови, а особено не да се прејадувате со нездрави продукти.

Секој ден јадете исто
Знаеме дека е исклучително практично само да ставите корнфлејкс во чинија и да ги прелиете со млеко, но на тој начин на своето тело ќе му ги ускратите потребните витамини и минерали. Ако веќе немате време наутро, испланирајте си го преку викенд менито во кое ќе бидат вклучени разновидни продукти, овошје и зеленчук.

По завршување на појадокот пиете вода или овошен сок
Веројатно веќе знаете дека ќе му направите голема услуга на вашиот организам ако добро го соџвакате секој залак пред да го проголтате. Меѓутоа ако по оброкот испиете чаша вода, сок, кафе или чај , значително ќе го успорите варењето на храната.

Јадете набрзина на нога
Повеќето луѓе се будат 15 минути до половина час пред да излезат од дома, и попат ќе купат некое печиво кое го јадат набрзина на пат кон работа. Оваа нездрава навика не само што негативно влијае врз желудникот, туку постојат шанси дека многу брзо повторно ќе огладните и ќе претерате со својот ручек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...