„Не ни се мешај“, му порача француски министер на Трамп

764
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не се меша во внатрешната политика на Франција, откако тој на Твитер ги поврза масовните протести со Парискиот договор за климата.

– На Доналд Трамп му порачав, му кажа и претседателот Емануел Макрон, дека ние не учествуваме во американски дебати, па затоа да не остави да ја водиме сопствената политика – рече министерот.

– Ние не се мешаме во американската внатрешна политика, па би сакале таквата состојба да биде взаемна – појасни Ле Дриан.

Трамп вчера твиташе за „многу тажниот ден” во Париз по новите протести на „жолтите елеци” и повика на ставање крај на климатскиот договор потпишан кон крајот на 2015 година во Париз.

„Протести и нереди низ цела Франција“, напиша Трамп на  Твитер. „Демонстрантите на англиски скандираат `го сакаме Трамп`. Ја обожувам Франција“, напиша, меѓу другото, Трамп.

– Колку што знам, „жолтите елеци“ во последно време, во француските градови не скандираа на англиски јазик. Станува збор за снимка, направена пред повеќе месеци во Лондон, појасни францускиот министер.

ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...