Не најдов маж со кој би можела да имам дете, ама најдов донатор на сперма!

Оние жени кои се одлучуваат на соло мајчинство се најчесто жени на возраст помеѓу 30 и 45 години, кои зад себе веќе имаат некаква кариера и се зрели и силни личности. Најчесто се тоа високо образовани жени од кои повеќето се одлучуваат на ова затоа што чувствуваат дека им отчукува биолошкиот часовник.

785

На девојчињата во текот на раснењето обично им се зборува дека кога ќе пораснат, прво ќе дојде љубовта, потоа бракот, а на крајот децата.

Но таа формула е денеска по малку застарена и повеќе не е табу да се прескокнат првите два чекори и да се стане самохрана мајка. А за ова, има неколку начини: случаен партнер, ин-витро, сурогат мајка, посвојување.

Бракот повеќе не е финасиска потпора од која жените биле зависни со векови, па кога ќе стекнат сигурност и ќе ги остварат поставените цели, често сфаќаат дека нешто сепак им недостасува. Тогаш почнуваат да размислуваат за деца. Иако голем дел од нив не се во брачна или некоја друга заедница со партнер, тие се одлучуваат на овој чекор од различни причини.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...