Не Ибица, Манчестер е „најдивото“ место во свет!

На листата од 112 градови, ги има и Љубљана, Софија, Солун и Атина, но подолу на листата.

338

Кога ќе се споменат луди ноќи и забава, на многумина прво на памет им паѓа Ибица, но официјално – најдивиот град во светот е Манчестер, Британија.

Под „див“ се подразбира град во кој луѓето сакаат необичен живот и не се воздржуваат од уживања од каков било вид. Веб порталот „Мувхаб“ го истражувал ноќниот живот на 112 претсолнини ширум светот, а при тоа, важен извор на податоци биле „Јелп“, „Трип адвајзор“ и статистиките за жителите.

Титулата „најдив“ град на светот ја понесе Манчестер во Англија. Доколку никогаш не сте биле во овој град и не сте изглегле една вечер, тогаш навистина ќе ви биде тешко да ја разберете оваа титула.
Градот е преполн (буквално) со првокласни ноќни клубови, а воедно ее и пионер на рејв културата во 90-тите. Всушност, градот е победник во уште една категорија – по употребата на канабис.

Во Манчестер постојат дури 818 клубови на 100.000 жители, а се консумираат 2,3 тона канабис на ист број на жители, пресметувано на годишно ниво.

При рангирање на најдивите градови во светот, освен бројот на ноќни клубови во местата и консумирањето на дроги, предвид биле земени и хедонизмот и употребата на алкохол. При анализата, биле користени и податоци од Канцеларијата за дроги и криминал при Обединетите нации и од Светската здравствена организација.

Лондон пак е подолу на листата, поточно на 30-тото место. На листата од 112 градови, ги има и Љубљана, Софија, Солун и Атина, но подолу на листата.

И САД се покажале како доста „разуздани“, со оглед на тоа што шест од дессете најдиви градови се токму од САД.

По Манчестер, на листата најдиви градови на второ место е Вашингтон, а на трето место се рангира Мајами. Од четврто до десетто место следуваат: Сиетл, Сан Франциско, Лидс, Денвер, Бостон, Парис и Лион.

Од друга страна пак, како „најмирен“ град во светот, според студијата, се издвојува Џакарта во Индонезија, со оцена од 0,12 (оцените се од 0 до 3, со тоа што поголема оценка значи подив град).

Санто Доминго, Истанбул, Кјото, Бангкок, Сингапур, Сеул, Манила и Карачи исто така се наоѓаат на дното на листата најдиви градови во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...