Не го прелета Ла Манш, паднал во морето, го спасиле и го нашле „свесен“

768
ФОТО: МИА

Франки Запата, летачкиот човек-реактор“, кој на 14 јули леташе над Елисејските полиња, не успеа да го прелета камалот Ла Манш на неговиот Флајборд, јавува дописникот на МИА.

Франки Запата паднал во морето при слетување на планираната точка за полнење гориво, тој е спасен и бил пронајден свесен.

Тој полета изутринава околу 09:05 часот, во близина на плажата Сангатте (Па-де-Кале), стоејќи на својот Флајборд – турбо-платформа, за да се обиде да го помине Ла Манш.

Шампион на Европа на џет-ски, овој 40-годишен жител на Марсеј, според планот за летање требаше да 35-те колометри од Ла Манш да ги прелета за околу дваесет минути, со брзина од околу 140 километри на час и 15/20 метри над водата. Тој мораше да слета на брод за да наполни горивокерозин по поминувањето на првите 18 км.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...