Нетанјаху: Обвинението против мене е обид за преврат

65
EPA/JIM LO SCALZO

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва го отфрли обвинението за корупција и го опиша како „обид за преврат“ против него.

Нетанјаху во јавно обраќање рече дека ќе продолжи да го води Израел.

Тој додаде дека обвинението потекнува од „лажни обвиненија“ и систематски „опструирана истрага“.

Израелски обвинител денеска официјално поднесе обвинение за корупција против премиерот Нетанјаху. Обвинението вклучува мито, кршење на довербата и измама.

Нетанјаху претходно негираше дека сторил казнено дело во три случаи на корупција, наведувајќи дека е жртва на политички „лов на вештерки“. Тој нема законска обврска да поднесе оставка после обвинението.

Доколку биде осуден за примање мито му се заканува десетгодишна казна затвор и максимум три години затвор за измама и кршење на довербата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...