Нетанјаху: Новата населба во Голан ќе ја наречеме „Трамп“

46

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наскоро ќе го претстави пред Владата неговиот предлог новата населба на Голанската Висорамнина да биде именувана по американскиот претседател Доналд Трамп во знак на благодарност што Белата куќа го призна суверенитетот на Израел врз таа територијата.

-Сите Израелци беа длабоко трогнати кога претседателот Трамп ја донесе својата историска одлука, рече Нетанјаху во видео-изјавата на Голан.

Тој додаде дека по важниот еврејски празник Пасха, „пред Владата ќе ја претстави резолуцијата, со која се повикува новата населба на Голанската Висорамнина да биде именувана по претседател Доналд Трамп”.

Израел ја окупира Голанската Висорамнина во Сирија во 1967 година, за време на шестдневната војна и ја анектира во 1981 година, што не е признато од страна на меѓународната заедница.

САД минатиот месец се повлекоа од оваа позиција кога Трамп потпиша указ за признавање на израелскиот суверенитет над оваа територија.

Овој потег на Трамп следи по неговата одлука во декември 2017 година да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Независно од оваа најава, Израел претходно потврди дека од почит кон претседателот на САД има намера железничката станица во близина на Ѕидот на плачот во Ерусалим да ја нарече по него.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...