Нетанјаху на средба со Путин на пет дена пред израелските избори

71
EPA/JIM LO SCALZO

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, неделава ќе отпатува во Русија на разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Нивната средба ќе се одржи в четврток, само пет дена пред парламентарните избори во Израел следната недела. Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека израелскиот премиер ќе отпатува во Москва, но не ја наведе целта на посетата.

Нетанјаху се сретна со Путин трпати во последниве 12 месеци, а последниот пат во февруари за да разговараат за воената координација меѓу Русија и Израел во Сирија.

Израел и Русија воспоставија директна телефонска линија, со цел да спречат судир на своите воздухопловни сили над Сирија. Сириските сили урнаа руски воден авион во септември, реагирајќи на израелски воздушен напад.

Нетанјаху на изборите на 9 парил повторно се кандидира за премиер, но се соочува со можно обвинение за корупција и јака опозиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...