Нетанјаху: Иран лаже, знаеја дека го собориле украинскиот авион

203
EPA/JIM LO SCALZO

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека лаже во врска со падот на украинскиот патнички авион и изрази сочувство до семејствата на загинатите патници и членови на екипажот.

– Иран излажа. Исто како што лажеа за својата тајна нуклеарна програма, така сега лажат за украинскиот авион. Од самиот почеток знаеја дека го собориле. Тие знаеја дека тој е соборен случајно, но излажаа со намера. Тие го излажаа целиот свет. Тоа е целосно спротивно на начинот, на кој треба да дејствува една цивилизирана држава. Ние изразуваме сочувство за жртвите на измамата и невнимателноста на Иран, истакна Нетанјаху.

Тој побара од Велика Британија, Германија и Франција да се приклучат кон американските санкции против Иран.

– Го поздравувам воведувањето на нови строги санкции против тој режим од страна на САД. Треба да се знае дека тоа е направено во врска со одлуката на Иран да го забави процесот на збогатување ураниум. Ги повикувам Велика Британија, Франција и Германија да се приклучат кон напорите на САД. Израел нема да дозволи Техеран да произведе нуклеарно оружје, нагласи израелскиот премиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...