Нередовното менување на долната облека доведува до овие шест ужасни последици

Ако имате некоја отворена раничка или исекотина во близина на вагината и притоа носите иста долна облека два дена може да дојде до инфекција која може да се прошири.

915

Топлината, возењето во прегреан градски превоз или автомобил не се добри пријатели на вашата интимна регија, па затоа во вакви услови потребно е почесто да ја менувате долната облека. За жал, многумина тоа не го практикуваат и затоа се соочуваат со овие шест непријатни последици.

Инфекции
Ако имате некоја отворена раничка или исекотина во близина на вагината и притоа носите иста долна облека два дена може да дојде до инфекција која може да се прошири.

Непријатен мирис
Поради претераното потење мирисот може да се промени. На долната која не ја менувате редовно може да се најдат бактерии кои дополнително ќе го променат мирисот.

Ешерихија коли
За пренесувањето на Ешерихија коли главен виновник се танга гаќите, особено кога ги носите повеќепати. Тоа никако не треба да го правите, иако ви изгледаат чисто. Тангите лесно лизгаат помеѓу анусот и вагината и лесно може да дојде до пренесување.

Акни
Ако ви се појават акни во таа област, бидете сигурни дека тоа е од наталожувањето на потта и маснотиите, поради неменувањето на долната облека секој ден. Вагината реагира како и лицето, кожата е чувствителна и поради лошата хигиена, доаѓа до проблеми.

Осип
Чешање, црвенило и осип можат да се појават околу вагината или на препоните, особено кога е во прашање чувствителна кожа.
Долната облека треба редовно да се менува, посебно по туширање. Колку пати дневно, тоа зависи од околностите и од вас самите. Во секој случај, да не ја менувате долната облека со денови е едноставно неприфатливо во секоја смисла.

Габични инфекции
Поволна подлога за габичките и бактериите секако е влажната средина, настаната како последица на потењето. Ако одите во теретана задолжително променета ја долната облека, бидејќи таму дополнително се потите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...