Нереди во главниот град на Јужноафриканската Република, таксисти се судрија со дилери

201

Јужноафриканската полиција испука гумени куршуми кон демонстрантите во Преторија, откако протестот прерасна во нереди кога беа запалени неколку продавници.

До нередите дојде откако локални таксисти се судрија со локални дилери. Таксистите, наводно, одлучиле да ги нападнат продавачите на „њаопа“, улична дрога во Јужноафриканската Република.

Локални медиуми јавуваат дека еден таксист бил убиен во судирот, по што стотици таксисти со своите возила ги блокираа улиците и го запреа градскиот превоз. Полицијата апелираше на возачите да го избегнуваат тоа подрачје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...