Непрепознатливата Мег Рајан жртва на пластичните операции ФОТО

Актерката ненадејно исчезна од големото платно, бидејќи знаеше колку Холивуд е суров кон жените во одредена возраст, па одлучила да се подмлади.

1379

Кариерата на холивудската миленичка Мег Рајан катапултираше во ѕвездите благодарение на романтичните комедии „Кога Хари ја сретна Сали“, „Романса во Сиетл“, „Кејт и Леополд“, „Француски бакнеж“, „Имаш порака“.

Актерката ненадејно исчезна од големото платно, бидејќи знаеше колку Холивуд е суров кон жените во одредена возраст, па одлучила да се подмлади.

Желбата засекогаш да остане млада скапо ја чинела.

Мег Рајан (57) оваа недела ја прослави 30-годишнината од еден од своите најпознати филмови – „Кога Хари ja сретна Сали” во Холивуд.Покрај неа на црвениот килим се појави и Били Кристал, нејзиниот колега од овој култен филм.

Сепак, вниманието било свртено кон Рајан, која ги привлекла погледите на присутните со своето „замрзнато“ лице без брчки.

Сè започнало со филерот за усни, но за жал, Рајан не запрела тука. Нејзиното лице изгледа сосема поинаку, непрепознатливо – јаболчниците, челото, обликот на лицето… Актерката очигледно станала зависна од пластичните операции.

ФОТО: Принтскрин/Твитер/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...