Кулата Клевел Тауер е една од најпопуларните вили за одмор во Велика Британија, постојано е резервирана две години однапред. На пример, ако сега сакате да резервирате термин, првиот слободен е во февруари 2020 година.
– Спектакуларната кула и годинава е наша најбарана знаменитост, иако имаме понуди за сместување во 199 несекојдневни во цела Велика Британија – истакна претставник на туристичката агенција за историски знаменитости Лендмарк Травел.
Кулата којашто била инспирација, на пример, за писателот Томас Харди, но и многу други, е изградена во 1830. и се наоѓа во заливот Кимериџ во југозападна Англија. Има широк поглед кон крајбржјето, а гостите имаат на располагање дневна, бања и трпезарија на четири ката. Цената за викенд-престој во кулата изнесува 470 фунти.