Необичен тренд: Торти за прослава на вазектомија

Торти се јадат за родендени, венчавки, па дури и за разводи, за дипломски работи, за одење во пензија, па зошто да не и за вазектомија?!

275

Сѐ повеќе двојки во светот купуваат торти, и тоа дизајнирани специјално за оваа пригода, за да ја прослават вазектомијата, која е засега единствен сигурен облик на машка контрацепција. Со машката стерилизација всушност, се подврзуваат семеводите кај мажот и на тој начин се оневозможува патот на сперматозоидите надвор од тестисите. Оваа операција е трајна, па треба да се направи само во случај кога мажот е сигурен дека не сака да има повеќе деца.

Како и да е, изгледа дека во светот оние родители кои се одлучуваат на овој чекор, сметаат дека заслужува потегот да се прослави со торта.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...