Нема да се зголемат цените на патарините во Грција

309

Најавеното покачување на цените на патарините на автопатот „Игнација“ од 1 јануари нема да стапи во сила бидејќи се уште не постои одобрение од Европска комисија, изјави директорот на „Игнација“,Апостолос Антонудис, јави дописничката на МИА од Атина.

ЕК се уште не ја одобрила заедничката министерска одлука потпишана летово од министрите за финансии и транспорт на Грција за покачување на цените на автопатот во Северна Грција што ги поврзува Еврос и Игуемница, поради што од 1 јануари 2019 година, цените остануваат исти.

Со одлуката на грчката Влада беше предвидено да се зголемат од 66 отсто до 150 отсто цените на патарините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...