Нема да погодите дека тој е Расел Кроу (ФОТО)

722
Фото Профимедиа

Холивудскиот актер Расел Кроу до толку се трансформира поради филмска улога, што  е речиси невозможно да се препознае.

Фото Профимедиа

Кроу во моментов е ангажиран на снимањето на новата серија во која тој го глуми покојниот Роџер Ејлес, долгогодишем презентер на „Фокс“.

Во серијата ќе биде прикажан животот на презентерот и ситуацијата од 2016 година кога даде отказ заради обвинување за сексуално вознемирување.

Роџер Ајлес во 2016 година беше принуден да замине од „Фокс њуз“, по обвинувањата за сексуално вознемирување од повеќе жени, меѓу кои и водителките Меган Кели и Гречен Карлсон. Жените тврделе дека Ејлес несоодветно се однесувал кон нив на работното место.

Роџер Ејлес почина десет месеци подоцна, на свои 77 години, откако падна во бања.

Расел Кроу е познат по улогите во блокбастерите „Гладијатор“, „Прекрасен ум“ и „Ное“, а важеше за голем холивудски заводник. Тој ја изненади јавноста и во јуни годинава, кога го смени својот имиџ. Неколкупати наградуваниот актер има 54 години, а брадата и малку опуштениот изглед направија тој да изгледа многу постаро.

Фото: Профимедиа
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...