Нова голема студија од Данска покажува дека нема поврзаност помеѓу вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола и аутизмот. Студијата е спроведена во обид да се разувери зголемениот број на оние кои имаат сомнежи во вакцинацијата, бидејќи епидемиите на мали сипаници се зголемуваат на глобално ниво.
Сомнежите за поврзаноста помеѓу ММР вакцината и аутизмот беа посеани од гастроентерологот Ендру Вејкфилд во 1998. година.
Симптомите на аутизмот често почнуваат да се манифестираат околу периодот кога се дава вакцината, на возраст помеѓу 12 и 15 месеци.
Теоријата е дискредитирана и Вејкфилд подоцна беше отпуштен од практикување на медицината, но се појави сомнеж во безбедноста на вакцините, кои се распространуваа сѐ повеќе преку социјалните медиуми и во некои земји, исто така, се оснивањето на анти-вакцинерски групи.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey