Нема веќе лажни вести од Велес: Фејсбук и Твитер ги менуваат правилата!

Твитер соопшти дека од сега огласувачите на политички реклами во САД ќе треба да се идентификуваат и да докажат дека се наоѓаат во земјата, со доставување на адреса за коресподенција.

794
ФОТО: EPA/ABEDIN.TAHERKENAREH

Социјалните мрежи Фејсбук и Твитер синоќа објавија дека ги менуваат своите правила за политичко рекламирање.

Твитер соопшти дека од сега огласувачите на политички реклами во САД ќе треба да се идентификуваат и да докажат дека се наоѓаат во земјата, со доставување на адреса за коресподенција.

Новите правила ќе се однесуваат на сите реклами чии содржини би можеле да влијаат на изборни разулати или на политичкото расположение.

Слични мерки за проверка на идентитетот претходно веќе воведоа и Гугл и Фејсбук.

Дополнително, Фејсбук синоќа објави и дека го зголемува обемот на барања за објавување на раклами кои се однесуваат на општествени прашања, како на пример контролата на оружјето или абортусот, дури и ако тие не се насочени кон поддршка на одреден кандидат на избори.

Кога корисниците ќе кликнат на таква реклама на Фејсбук ќе бидат пренасочени на страница на која се нудат дополнителни информации, меѓу кои и колку луѓе ја виделе и кој платил за нејзино објавување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...