Нема веќе бесплатни пластични кеси во маркетите, ќе чинат најмалку 10 денари

Годишно на пазарот се пуштаат меѓу 120 и 150 милиони пластични кеси кои завршуваат како отпад. Тоа е од 2 до 3 отсто од вкупниот отпад од пакување, но волуменски е многу, вели Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата.

4053

Од 2021 година нема да има веќе бесплатни пластични кеси во маркетите. Нијниската цена на пластичните кеси ќе биде 10 денари. Ова го предвидувааат измените на Закон за управување со отпад кој е во собраниска процедура и се очекува да бидат донесени до крајот пред распуштање на Парламентот.

Како што рекоа на денешната прес-конференција на Асоцијацијата за управување со отпад при стопанската комора, ова треба да го намали бројот на пластични кеси кои се одлагаат како отпад. При тоа компаниите кои произведуваат пластични кеси во рок од една година ќе треба да го прилагодат своето производство, а граѓаните за овој период ќе треба да почнат да ги исфрлат од употреба кесите.

– Годишно на пазарот се пуштаат меѓу 120 и 150 милиони пластични кеси кои завршуваат како отпад. Тоа е од 2 до 3 отсто од вкупниот отпад од пакување, но волуменски е многу – вели Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата.

Од Асоцијацијата ги поздравуваат новите решенија предвидени со измените на Законот., бидејќи како што рекоа, ги решава главните проблеми во нивното работење. Посебно значајно за нив е решението кое предвидува фирмите во завршните сметки да прикажат дека го платиле надоместот за селекција и управување со отпадот.

– Ова треба да ги натера компаниите кои до сега не се вклучиле во системот на колективно управување со отпадот од пакување, електричен отпад, гуми и стари автомобили… да го направат тоа во одреден рок, бидејќи годишно производителите на пазарот пуштаат над 120.000 тони отпад од пакување, а се собира само дел од тоа – рече Ивановски.

Фклучувањето на сите компании во системот на управување со отпадот, вели Љупчо Аврамовски од Асоцијацијата треба да придонесе за одржив интегриран систем.

– Додека не се вклучат сите компании во системот, нема да има целосно собирање и управување со отпадот и нема да се придонесе многу во селекцијата собирањето и управувањето со отпадот бидејќи дел од отпадот ќе остане надвор од системот – вели тој.

Управувачите со отпад од индустријата апелираат општините да се вклучат во обезбедувањето системот непречено да функционира кога се предвид граѓаните и она што го селектираат да се најде на вистинското место.

– Селектираниот отпад од граѓаните најверојатно ќе треба да го собираат неформалните собирачи кои треба да бидат интегрирани во системот. Со тоа добиваат граѓаните бидејќи нивниот отпад ќе заврши онаму каде што треба, добиваат неформалните собирачи кои ќе добијат сигурно вработување и општините кои нема да се грижат дека граѓаните создаваат диви депонии – велат од Асоцијацијата.

Од Асоцијацијата се надеваат дека измените на Законот за отпад ќе бидат донесени од страна на Собранието пред неговото распуштање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...