Дваесет луѓе се повредени во експлозијата и пожарот што се случија во една пекарница во центарот на Париз, соопшти полицијата, додавајќи дека засега нема информации дека има загинати.
Се верува дека експлозијата е предизвикана од протекување на гас, при што се оштетени неколку згради и возила во околината, а ТВ-снимките покажаа и голем пожар. Полицијата и пожарникарите ја евакуираа околината и забранија пристап.
Експлозијата се случи во периодот кога Париз се наоѓа под силно обезбедување, бидејќи за денеска се најавени нови протести на „жолтите елеци“.