Неисчистени разладни уреди за вода разболеа стотици од пневмонија

Во Италија поради Легионерската болест, 400 луѓе добија пневмонија, а двајца починаа

443

Официјални лица во северна Италија потврдија денеска дека комерцијални разладни објекти за вода се извор на Легионерска болест од која 400 луѓе завршија во болници со воспаление на белите дробови, а две лица ги загубија животите.

Од 10 тестови на примероци од три постројки во три најмногу погодени градови, девет биле позитивни на бактеријата Легионела.

Шефот на ломбардиската социјална служба Џулио Галера најави програма за чистење.

Вкупно 405 луѓе се хоспитализирани со воспаление на белите дробови од почетокот на појавата на болеста во почетокот на месецот, а 42 се позитивни на Легионерската болест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...