Неинвазивна липосукција – диета или третман за слабеење?

471

Правилната и рамнотежена исхрана би требала да биде приоритет на секоја личност. Таквата исхрана секако не може да се споредува со диета, бидејќи диетата, сепак, бара одредени рестрикции и задолжителен калориски дефицит. Тоа подразбира да се откажеме од правилата на „умереност“ и сепак, да одиме нешто под таа граница, или правилото на „избалансираност“ малку да се „пренасочи“, на пример, од јагленохидрати кон протеини и масти. Тогаш кога отстапувањата ќе станат задолжителни и посакувани, а при тоа, безопасни за здравјето, влегуваме во зоната на диетотерапија. Диеталната исхрана не се споредува со „правилната исхрана“, но се оправдува со целта која сакаме да ја постигнеме.

Елена Астафјева, советник за Неиназивна липоскуција од Москва, е авторка на текстот

Хипократовата хит диета

Хипократ го применувал постот како апстиненција од храната во терапевтски цели. Од гледиште на „правилната и избалансирана исхрана“ постот е „гладување опасно по здравјето“. Според сфаќањата на неупатените, методот на Хипократ е само „хит диета“, но постот го препорачуваат сите религии во светот и голем број научни истражувања ги потврдува неговите полезности. Стотици илјади години луѓето јаделе еднаш во три-четири дена. Оттука е и способноста на телото да прави резерви. Современата фармација открила бројни биолошки делотворни работи  кои имаат позитивно влијание на човечкото здравје. Тие, исто така, можат да придонесат во диетотерапијата, како што се витамините, минералите, аминокиселините, растителните влакна и слично. За некои, како што е глукомананот, постојат сигурни научни докази дека помагаат во слабеењето. Така доаѓаме до спојот на диетотерапијата и фармакологијата, па имаме фармаколошка метода за контрола на телесната тежина во форма на диетотерапија. Таквиот третман, со активни аминокиселини и растителни влакна, секако не е „правилна и избалансирана исхрана“, туку диетотераписки третман за слабеење. Доколку тој ги задоволува сите енергетски и нутритивни потреби на организмот, тогаш не постои оправдана причина да не се смета за сигурна метода која има потенцијал за практична примена.

Ни треба ли диета?

Ни треба ли воопшто диета покрај правилната и избалансирана исхрана? Не ни треба. Но, најголем дел од луѓето не применуваат правилна и избалансирана исхрана. Повеќе од 50 отсто од глобалната популација има вишок на килограми. Прехранбените препораки се игнорираат и постои преваленција на гојазноста. Тука настанува потребата за контрола на телесната тежина, со помош на диетотерапија како корективна мерка таму кадешто препораките за правилна и рамнотежена исхрана недостигаат.

Европски стандарди за диета

Секој поединец има одговорност, но и право на избор со каква метода ќе ја контролира својата зголемена телесна тежина. Европската агенција за безбедност на храната (EFSA ) на барање на Европската комисија, во 2014 година дала препораки и стандарди за минимална енергетска и нутритивна потреба на организмот при редукција на телесната тежина. Практично, препорака за нискокалорична диета која ги задоволува сите потреби на организмот – протеини, јагленохидрати, масти, микронутриенти. Препораките кои ги дала EFSA не се препораки за правилна и избалансирана исхрана, но тие се препораки за задоволување на минимални енергетски и нутритивни потреби на организмот. Со примена на тие стандарди се обезбедува диетотерапија или диета која не го загрозува човечкото здравје. На многумина денес им е тешко да поверуваат дека EFSA препорачува 600 калории дневно за редукција на телесната тежина. Но тука се работи за „когнитивна дисонанца“, бидејќи тоа е незамисливо според поранешните теории и препораки за диета, па и тешко прифатливо за оние кои се навикнати поинаку да размислуваат. Денес, во 21-от век, многу работи се менуваат и оние кои не ги следат современите научни текови, се во заблуда од која може да се појават недоразбирања и неразбирање на поимот „правилна исхрана“ наспроти „диетотерапија“. Протоколот на неинвазивна липосукција (Липосукциска диета) е фармаколошка диетотерапија која во пракса се покажа како многу ефикасна метода за контрола на телесната тежина. Дизајнирана е по стандарди и препораки на  EFSA, со помошни средства одобрени од  EFSA. Да не се посакувани,  EFSA и FDA не би ги одобриле.

Заклучокот е дека примената на диетотерапија за контрола на телесната тежина е оправдана тогаш кога редукцијата на телесната тежина е чекор кон правилната и рамнотежена исхрана како што е медитеранската исхрана. Тоа е сигурна и ефикасна фармаколошка метода која во дел од светот се применува веќе низа години. Поимот „Липосукциска исхрана“ подразбира Протокол за слабеење и целоживотна правилна исхрана поради одржување на телесната тежина. Протоколот за слабеење подразбира и додатоци во исхраната кои придонесуваат за контрола на телесната тежина и го намалуваат чувството на глад.

Советувалишта и центри за липосукција има и во Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3151714, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстеска.

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...