Најмалку 12 лица се убиени, а четворица ранети откако незадоволен работник во градската комунална служба пукал во зградата на општината во Вирџинија Бич. Полицијата го убила напаѓачот, јавија светските агенции.
Според локални извори, напаѓачот се самоубил.
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил наоружан со пиштол со пригушувач и дека неколку пати ја надополнувал муницијата за време на пукањето.
Првата жртва е погодена во возило пред зградата, по што напаѓачот влегол во зградата и „веднаш неселективно“ пукал кон сите.
„Напаѓачот потоа долго разменуваше оган со четворица полицајци во зградата, кои го спречија да направи „поголем масакр“, се наведува во соопштението од полицијата.
Во текот на интервенцијата еден полицаец е ранет, но панцирот му го спасил животот.