Независниот академски синдикатот бара повисоки плати и за високото образование

Во соопштение синдикатот потсетува на незадоволството во високообразовните институции од она што се издвојува од буџетот и висината на платите.

123

Независниот академски синдикат (НАкС) бара Владата веднаш да го зголеми буџетот наменет за платите на вработените во јавните високообразовни и научни установи и да најде начин за елиминирање или ублажување на фрапантните разлики во платите меѓу професорите и истражувачите вработени на различни јавни високообразовни и научни установи, а особено на различни единици во нивниот состав.

Во соопштение синдикатот потсетува на незадоволството во високообразовните институции од она што се издвојува од буџетот и висината на платите.

„Со оваа реакција сакаме да го искажеме нашето со години напластувано незадоволство од висината на буџетските средства за исплата на платите во секторот високо образование и наука и да апелираме до Владата да направи анализи со кои ќе согледа дека примањата на вработените во некои од јавните универзитети, единици во нивниот состав и јавни научни установи години наназад се на срамно, понижувачко и супстандардно ниво“, наведуваат од НАкС во допис до медиумите.

Синдикатот, се оддава понатаму во соопштението, е подготвен да понуди стручна помош при изнаоѓањето модалитети за справување со нееднаквоста која, додава во реакцијата, покрај социјалниот аспект, содржи елементи на неправедниост и креира тензии во секторот.

Независниот академски синдикатот ја поздравува одликата на Владата да ги зголеми платите во основното и средно образование.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...