Независен ревизор ќе го прегледа Коридорот 10

395
pruga

Министрите на денешната седница ја разгледаа и ја усвоија информацијата за потребата за спроведување на повеќегодишна јавна набавка за избор на независна ревизорска куќа, за потребите на Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10 финансиран по пат на заем од Европската банка за обнова и развој.
Постапката за склучување на повеќегодишниот договор треба да ја спроведе Министерството за транспорт и врски, кое во исто време треба да ги обезбеди потребните средства за плаќање на преземените обврски, во рамките на максимално утврдените лимити за расходи за 2019 година и 2020 година.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, денеска Владата ја донесе Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2018-2021 година, како и уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...