Недостиг на храна во Северна Кореја

266

Северна Кореја предупреди дека се соочува со недостиг на храна од околу 1,4 милиони тони во 2019 година, поради, како што наведува официјален Пјонгјанг, високите температури, сушата, поплавите и санкциите на Обединети нации.

Мисијата на Северна Кореја во ОН објави меморандум на две страници без датум пред претстојниот втoр самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за денуклеаризација на Корејскиот Полуосторов.

– Владата на Демократска Народна Република Кореја апелира до меѓународните организации под итно да се справат со ситуацијата со храната – се наведува во севернокорејскиот меморандум.

Во документот се наведува дека Северна Кореја минатата година произвела 4.951 милиони тони храна што е за 503.000 тони помалку во споредба со 2017 година.

Според проценките на ОН вкупно 10,3 милиони луѓе, речиси половина од населението во Северна Кореја се соочува со недостиг на храна, а околу 41 отсто се неухранети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...