На вчерашната промоција на монографијата „Јоден и тироиден статус на населението 2018 година“ на Медицинскиот факултет во Скопје, можевме да слушнеме дека, Македонија, со својата долгорочна политика за универзално јодирање на солта, која се спроведува од 1999. година е меѓу 12. земји во светот кои достигнале одржлив јоден суфицит на населението
Јодот е неопходен микронутриент кој во организмот се внесува преку водата и храната. Тој е потребен за производство на тироидни хормони, кои се важни регулатори на метаболизмот, растот и развојот.
За време на бременоста, жените имаат зголемена потреба од јод, чиешто внесување честопати е недоволно преку редовната исхрана. Дури и умерен дефицит на јод претставува ризик од оштетување на неврокогнитивните функции и намалување на коефициентот на интелигенција на нивното потомство.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey