Недела на турски филм од 23 до 26 април во Скопје

51

Недела на турски филм ќе се одржи од 23 до 26 април, ќе бидат прикажани шест долгометражни и два документарни филма, а на проекциите ќе присуствуваат актери и режисери на филмови од програмата.

Филмската недела ќе се одржува во Меѓународниот балкански универзитет во Скопје и во киното „Милениум“. Ќе почне во вторник со филмот „Балкајмак“ снимен во земјава, во присуство на режисерот Онур Тан и актерите Турција Тарик Унлуоглу, Ѓуленај Калкан, Октај Кајнарџа, Јунус Емре Јилдиример, Мелиса Јилдиример и Сабина Тозија.

Ќе бидат прикажани и долгометражните филмови: „Хаос“; „Ајдеде – патување кон Месечината“; „Хуркуш – херојот на небото“; „Халеф“ и „Сите блаженства се возможни“ и документарните „Ѓобеклитепе“ и „Тамбурица“. По проекциите публиката ќе може да дебатира со гостите од филмските екипи.

На 24 април ќе се одржи кинематографска работилница на Турција-Северна Македонија, која ќе овозможи продлабочување на соработката меѓу филмските автори од двете земји.

За затворањето на Неделата на турски филм на 26 април ќе гостува Балканскиот симфониски оркестар на Универзитет „Тракија“ од Турција.

Неделата на турски филм се организира со поддршка на Генералниот директорат за кинематографија при Министерство за култура и туризам на Турција.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...