Размената на креативната енергија со нашата публика, која докажа дека знае да распознава вистински вредности, е една од најголемите придобивки за сите автори кои ќе бидат дел од оваа манифестација, рече министерот за култура Асаф Адеми на отворањето на манифестацијата „Недела на турски филмови“.
На манифестацијата „Недела на турски филмови“, љубителите на филмската уметност до 26 април ќе можат да уживаат во филмските остварувања од најновата турска продукција, меѓу кои и филмот „Балкајмак“ на режисерот Онур Тан, кој е снимен во нашата земја.
На проекциите, гости ќе бидат режисерите и актерите на прикажаните филмови, а ќе биде организирана и кинематографска работилница на која најзначајните имиња од областа на филмската уметност од двете земји ќе имаат можност да разменат мислења и да ја продлабочат меѓусебната соработка во оваа дејност.