Недела на детски филмови во пет града

114

Три филма за деца во рамките на проектот „Недела на детски филмови“ од денеска до средината на идниот месец ќе бидат прикажани во пет града низ државава. Филмовите се наменети за деца од четири до 14 години. Проектот го спроведува Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ од Битола.

Недела на детски филмови почнува денеска во 18 часот во Домот на културата во Македонски Брод со проекција на германскиот детски филм „Помош, ги смалив родителите“ во режија на Тим Трагесер и продолжува задутре (24 октомври) со проекцијата на германскиот филм „Магичното огледало – двојна неволја“ во режија на Маркус Х. Розенмилер.

Ќе биде прикажан и швајцарскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во режија на Мануел Флурин Хендри. Филмовите во рамки на Неделата на детски филм ќе бидат прикажани и во Делчево, Гостивар, Пробиштип и Крива Паланка.

Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...