Актерката Неда Арнериќ, која пред 40 дена се обиде да се самоубие, е пуштена на домашно лекување, пишува „Глориа“.
– Сè е како што треба. Неда е многу подобро, дома е веќе 10 дена и полека се враќа на рутината. Со своите блиски пријателки и колешки почна да зборува за враќање на сцената, и ако се оди според планот, наскоро ќе ја видиме во театар, изјавила една од актерките за „Глориа“.