Целото подрачје на Јадранот во Хрвстака денеска е зафатено од невреме во кое ветарот корне дрва, почнале и поплави а локалните медиуми јавуваат дека најлошото допрва доаѓа затоа што и за денеска се прогнозира обилен дожд кој ќе предизвика поплави.
Вчера дојде најавеното влошување на времето, со дожд кој во поголемиот дел од Хрватска бил обилен, а на некои места предизвикал и поплави, јави Индекс.хр.
Најлошо било во Горски котар кај Делнице, каде поради поплава на пат синоќа бил прекинат сообраќај, као и на Равна Гора, додека на подрачјето на Дубровник ветарот корнел стебла.
Вчера и во текот на ноќта повеќе граѓани пријавиле одрони на Јадранската магистрала на дубровничкото подрачје, паднати стебла, искршени гранки и паднати столбови како последица на силниот ветар и дожд.
Исто така имало неколку дојави за пожари на електрични столбови, поради што некои подрачја немало струја, јави „Дубровачки вјесник“.