Невреме во Франција, град голем колку тениско топче и рекордни 73.700 молњи (ВИДЕО)

532
ФОТО: Принтскрин

Големо невреме го зафати вчера францускиот регион Оверња-Рона-Апли, каде паѓал град со величина речиси колку тениско топче, а регистрирани се рекордни 73.700 молњи.

Метеоролошкиот завод во саботата издаде портокалово предупредување за целата земја, а овој регион кој се наоѓа на границата со Италија и Швајцарија, е најпогоден од невремето.

На социјалните мрежи се појавија голем број видео снимки и фотографии, а на една од нив се гледа базен како да клокоти, поради крупниот град кој паѓал во водата.


ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...