Градот и силното невреме вчера направи голема штета на земјоделското производство во Овчеполието.
Според првичните оценки на земјоделците од овој регион се уништени земјоделски посеви на површина од околу 5.000 хектари. При тоа, според земјоделците настрадале 95 отсто од житните култури, 90 отсто од лозовите насади, а има и штети и кај тутунот и бостанот.
Земјоделците бараат Министерството за земјоделство да формира Комисија за утврдување на штетите за да можат да се обештетат земјоделците.