Невработените кумановци лани покажале голем интерес за обуки

396

Работодавачите од Куманово, изминатата година покажале значителен интерес за мерката практиканство. На ниво на Куманово биле склучени 228 договори од кои што 23 лица се вработени по завршување на обуката. Интерес имало и кај невработените за оваа мерка, бидејќи имале можност од три до шест месеци да се стекнат со практични искуства од различни области.

– Обуката се уште трае кај одредени работодавачи, кај некои е завршена, се надевам дека оваа бројка ќе се зголеми откако ќе се заврши обуката, односно работодавачите ќе го препознаат потенцијалот кај младите невработени лица – изјави раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.

Генерално, невработените кумановци биле заинтересирани и за мерките од Оперативниот план што овозможуваат обука на невработените лица со кои тие, се стекнуваат со вештини и знаења и ги зголемуваат можностите за полесно вработување. Според податоците на Центарот, дванаесет лица ја проследиле обуката за занаети, рачно и машинско везење.

Преку мерката обука за побарувани занимања, 30 лица стекнале практично и теоретско искуство за сметководители, две лица се стекнаа и со вештини од областа на банкарството и добиле меѓународно признаени сертификати во оваа област, а три со сертификати од областа на обезбедуавњето.

Осум лица ја поминале обуката за напредни ИТ вештини, годинава за  ЈАВА програм и тестери за софтвер. Петнаесет невработени се стекнале со  сертификати за основни компјутерски вештини и успешно ја завршиле  обуката кај сертифициран спроведувачи на оваа обука. И минатата година голем интерес имало за странски јазици, 74 лица ги поминале курсевите за англиски и германски јазик, основно и напредно ниво.

– Триесет и едно лице беше вклучено во општинско корисна работа, значи лицата беа вклучени во обезбедување на услуги за лицата со посебни потреби. Тоа беше проект што го изготви Општина Куманово и успешно се реализираше, а на територија на Општина Старо Нагоричане беше давање  персонална асистенција на стари и изнемоштени лица – вели Димитријевска.

Преку мерката јавни работи, биле ангажирани 28 лица на локално ниво, а 458 лица ја користеле услугата мотивациски обуки, преку кои се дава помош на невработените лица при изготвување на нивната професионална биографија, мотивациски писмо,

-Осумдесет лица од редот на активните баратели на работа ја користеа услугата подготовка за вработување и за работа, станува збор за четиридневна работилница на која што на невработените лица преку разни модули им се дава помош како да дојдат до посакуваното работно место и како да го задржат работни место преку соодветна обука за вештни кои што треба да ги поседуваат на работното место, комуникациските вештини – додава Димитријевска.

Толкав број  лица поминале низ професионална ориентација и кариерно советување.

Со посредување на Центарот за вработување, на ниво на Куманово, лани се вработиле 711 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...