Ричард Филипс, мажот кој поминал во затвор повеќе од 45 години поради убиство кое не го извршил, ќе добие 1,5 милиони долари отштета за времето кое го поминал зад решетки, соопштија властите на американската држава Мичиген.
Филипс поминал повеќе време во затвор од кој било друг невин човек во САД.
Ричард Филипс (73) во 1972 година бил осуден на доживотен затвор за убиство за кое, од почетокот тврдел дека не е виновен. Судот го осудил на основа на сведочење кое се покажало како неточно.
Филипс во 2018 година бил ослободен после интервенција на програмата на Универзитетот во Мичиген, која се бави со судски грешки.
Официјални лица од таа програма навеле дека ниту едно лице не минало толку долго во затвор во САД поради правосудна грешка.
Поранешниот осуденик живее од продажба на слики кои ги направил додека бил во затвор, а некои негови дела се продадени за неколку илјади долари.
Филипс, инаку афроамериканец, наскоро нема да мора да продава слики за да има пари бидејќи ќе ја добие оштетата.
– Ќе патувам и уживам во животот – рекол Филипс реагирајќи на одлуката за доделување оштета.
FOTO: Skrinsot/Jutjub