Црногорскиот џудист Срѓан Мрвањевиќ се венча пред два месеца, но дури откако на социјалните мрежи ја објави снимката од свадбата неговата невеста Тамара стана светски хит.
Срѓан и Тамара се седум години во врска и пред два месеца се венчале во Подгорица. Но облините на невестата предизвикале бура на социјалните мрежи, каде за само неколку дена видеото е споделено повеќе од половина милион пати.
Ѕвезда е секако невестата во златен фустан. Џудистот одговара на коментарите дека неговата жена е пластична . Тој вели дека имала естетски операции и дека лично на секој заинтересиран ќе му каже какви.
– Тамара не е пластична, туку има пластична операција на градите и хијалурон во усните и јаболчниците. Тоа беше нејзин избор. Јас ја сакам не поради изгледот, туку поради нејзината личност, напиша џудистот на социјалните мрежи.