На 93 години почина поранешниот претседател на Авганистан, Сибгатула Муџадеди

66
ФОТО: МИА

Сибгатула Муџадеди, првиот претседател на Авганистан по повлекувањето на советската армија од земјата и колапсот на комунистичката влада во Кабул, почина на 93 години.

– Муџадеди почина во текот на ноќта во Кабул, изјави неговиот некогашен портпарол Шарид Јусуфи.

Во текот на десетгодишната инвазија на тогашниот Советскиот Сојуз, што заврши 1989 година, Муџадеди  ја предводеше најмалата и најумерената герилска група, која имаше поддршка од САД. Член на групата беше и поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи.

По падот на комунистичката влада, Муџадеди два месеци ја извршуваше функцијата претседател на Авганистан.

Неговиот наследник Бурханудин Рабани требаше да ја извршува претседателската функција четири месеци, но остана четири години, период на  брутална војна помеѓу ривалските групи муџахедини, што заврши со доаѓањето на власт на талибанците во 1996 година.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...